Инвестиција на Лидл од 300 милиони евра и отворање нови работни места

Bez autora
Jun 03 2021

Како дел од Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година, најавена е и голема странска инвестиција на „Лидл“ од Германија, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска

Таа рече дека е предвидено овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.

„ Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје. Со влезот на ‘Лидл’ – познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.

Обврска на инвеститорот ‘Лидл’  е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на ‘Лидл’ во југоисточна Европа. ‘Лидл’ значи и отворање нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава“, истакна Кузеска.

Таа додаде дека следната голема инвестиција е домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати, нагласи таа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik